Тајсон Фјури заработи милиони, a вози автомобил произведен пред 15 години

Тајсон Фјури го одбрани појасот на ВБЦ во тешка категорија минатиот викенд на боксерски настан во Лондон.

Џипси Кинг го победи Дилиен Вајт со нокаут во шестата рунда на преполниот Вембли, заработувајќи минимум 33,6 милиони долари со вклучениот бонус.

Неговото богатство се проценува на околу 150 милиони долари, но сепак се труди да биде доволно скромен.

Имено, не е тајна како Тајсон Фјури вози „пасат“ од 2007 година.

„Немав ништо. За мене не е се во парите. Возам пасат од 2007 година и луксузот не ми е важен. Познавам многу богати луѓе, но никој од нив не е среќен“, изјави Тајсон Фјури и додаде:

„Парите не те прават среќен. Дури ни појасите или наследството не ми се важни. Ништо не ми е поважно од удирање противник во борба. Сакам само да победувам, а парите не се важни. Одлично е да си платен за тоа што го работиш. Уживам во боксот. Јас сум добар во тоа и ми плаќаат за тоа“.

Светскиот шампион имаше уште нешто да додаде.

„Можам да завршам како потстанар во секое време. Дали тоа би ме променило како личност? Дали ми треба вила или „ролс-ројс“? Тоа не би ме направило подобар човек. Ако сте милионер и сте ужасна личност, не сакам да се занимавам со вас. Имам време само за добри луѓе“, подвлече ВБЦ шампионот.

Фјури во пресрет на средбата против Вајт објави дека ова му е последна борба во кариерата, а тоа го повтори и по победата. Дали Ромскиот крал ќе се држи до својата одлука?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON