Тајсон Фјури во очи на реваншот против Усик: Ако ме победи пак, честа нека му припадне нему

Поранешниот шампион на ВБЦ Тајсон Фјури е толку сигурен дека ќе го победи Александар Усик во реваншот во декември, што е подготвен да го ризикува својот статус на ѕвезда во нова боксерска видео игра.

Кралот на Ромите загуби од Украинецот кон средината на мај во меч за неприкосновен шампион во тешка категорија, тоа беше прв пораз во неговата кариера.

И двајцата се подготвуваат за реванш, а Фјури верува дека овој пат ќе го има она што е потребно за да го симне од тронот на непоразениот Усик.

36-годишниот Британец е подготвен да го заложи своето место на насловната страница на претстојната видео игра „Udisputed“. Се разбира, ова обезбедува и дополнителна заработка.

Фјури е на насловната страница на играта „Digital Deluxe WBC Edition“, која треба да се појави на 11 октомври, но е подготвен да му ја отстапи таа чест на Усик доколку шампионот биде подобар во реваншот.

„Ако не победам на реваншот, ќе се откажам од насловната страна од видео играта и ќе му ја дадам на Александар“, изјави Тајсон Фјури во интервјуто на Јутјуб каналот на Undisputed и додаде:

„Ќе го направам тоа. Ќе се откажам од правата на насловната страница и ќе му ја дадам на Александар Велики. Но, ако го направам тоа што мислам дека ќе го направам, тогаш ќе ја задржам“.

Џипси Кинг вели дека е многу едноставно, победникот од пресметката на 21 декември треба да биде на насловната страница на видео играта.

„Ако не го победам Усик во реваншот, тогаш не заслужувам да бидам на таа насловна страница. Нека му припадне честа нему“, нагласи Тајсон Фјури.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by PlayUndisputed (@playundisputed)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON