Поранешниот светски шампион во тешка категорија Тајсон Фјури фрли уште едно виртуелно кроше на Дионтеј Вајлдер. Тие ќе се борат на 22 февруари во реванш мечот.
„Не сум сигурен дека Вајлдер е човек. Досега не сум видел доказ“, рече Британецот и нагласи: „Го мразам, но го почитувам. Тој направи 10 одбрани на титулата, совладувајќи ги Мајк Тајсон и Ленокс Луис“.
Првиот меч меѓу Вајлдер и Фјури во декември 2018 година заврши нерешено.