Тајсон Фјури навести дека можниот реванш со Дионтеј Вајлдер ќе се случи ако Американецот има желба. Првиот нивен меч стана класика. Средбата заврши нерешено. Фјури преживеа два многу тешки нокдауни, па дури и многумина мислеа дека тој требаше да победи.
„Мечот меѓу двата најхаризматични шампиони во последниот половина век треба да биде виден од повеќе луѓе. Должни сме да направиме голема борба“, рече Фјури и додаде: „Склучив договор со ЕСПН, затоа што сакам да учествувам во најголемите мечеви во историјата“.