Тајсон Фјури тренира со осуден убиец (ВИДЕО)

Светскиот шампион Тајсон Фјури се подготвува за обединувачкиот меч со Ентони Џошуа со спаринг партнер осуден за убиство. Станува збор за 30-годишниот Тај Мичел, кој помина пет години зад решетки.

Мичел, син на боксерскиот тренер Клифтон Мичел, беше осуден на седум години затвор за убиство без умисла во 2011 година кога со еден удар го уби 19-годишниот студент Јагдип Рандава. Тој беше ослободен во 2016 година.

Минатата недела објави снимки од него и спарингот на Фјури со натпис: „Сакаме да се потиме“.

„Тој не е хулиган. Тој беше само дете кога тоа се случи. Тоа беше несреќен случај. Боксот е неговата единствена професија и повторно ќе се бори“, рече таткото на Тај во врска со она што се случи пред неколку години.

Семејството на неговата жртва од Хунслоу, западен Лондон, одби да даде коментар. Но, побара Мичел никогаш да не се врати во рингот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON