Тајсон Фјури ќе го брани појасот на ВБЦ-појасот на 5 декември против германскиот боксер Агит Кабајел кој има неверојатен скор од 20 победи и ниту еден пораз. Фјури првично се подготвуваше за нов меч против Дионтеј Вајлдер.
Меѓутоа, тимот на американскиот боксер не се договори со Фјури. Третиот дуел на овие боксери пропадна и Фјури побара други решенија, а на крајот го избра опасниот Германец.
Кабајел (28 години) имаше добри борби во текот на кариерата, а познат е и како човек кој ужива во луксузот. Сопственик е на голем број скапи автомобили, а сега ќе има шанса да добие рекорден хонорар.