Британскиот боксер во тешка категорија кај професионалците Тајсон Фјури се прогласи за број 1 во историјата на овој спорт.
„За последните 1.000 години, нема боксер во тешка категорија што можел да ме победи. Јас сум најголемиот борец што некогаш живеал на Земјата. И притоа покажувам малку скромност“, рече Фјури, кој стана апсолутен шампион во 2015 година. откако со едногласна одлука го победи Владимир Кличко.
Тој се закити со појасите во верзиите на ИБФ, ИБО, ВБО, ВБА Супер и магазинот Ринг. Во октомври 2016 година тој се откажа од појасите на ВБА, ВБО и ИБО поради психолошки проблеми и депресија. Во февруари годинава Фјури го победи Дионтеј Вајлдер и ја освои титулата на ВБЦ, станувајќи првиот боксер во тешка категорија што ги освоил сите појаси во категоријата во професионалниот бокс.