Тајсон Фјури се подигра со Дејвид Хеј: Може да ми ја чисти јахтата, ако има потреба од работа!

Поранешниот светски боксрески првак во тешка категорија Тајсон Фјури, ја коментираше ситуацијата на Дејвид Хеј. Циганскиот крал се подигрува со Хеј, велејќи дека може да го вработи, за да му ја чисти јахтата, ако има потреба од работа.

„Жал ми е за Дејвид Хеј. Дали треба да се повлече? Не знам, но ако има потреба од работа, може да го ангажира да ми ја чисти јахтата“, рече Фјури.

„Очекував средбата да отиде во оваа насока како што заврши. Всушност, дури се обложив на1.000 евра на Белју дека ќе го нокаутира Хеј во рамките на 12 рунди, поради фактот што Дејвид заврши со професионалниот боксер. Веќе не може да зададе завршен удар, а неговото движење во рингот е трагично, а искрено, ми е жал за него“, додаде Циганскиот крал.

Острите зборови на Фјури доаѓаат по вториот последователен пораз на Хеј од Тони Белју, при што беше нокуатиран во петата рунда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON