Контрoверзниот британски боксер, Тајсон Фјури одново најде начин да го привлече вниманието на јавноста, но и притоа да објави една значајна одлука – дека се повлекува од боксот.
Фјури минатиот ноември го победи Владимир Кличко во Германија при што му одзеде ВБА, ВБО и ИБФ титулите за да потоа два пати ги откаже реваншите со Украинецот.
Пред неколку дена светските медиуми пренесоа оти бил позитивен на кокаин во неговиот примерок даден на 22 септември во Велика Британија за да денеска Фјури со сочна порака на социјалните мрежи објави дека се повлекува од бокот.
„Боксот е најтажната приказна во која што сум учествувал, тоа е обично срање. Јас сум најголем, а исто така се повлекувам, па пуш..е к… Среќни денови, -напишал Фјури кој во својата кариера има 25 победи на исто толку средби, со 18 нокаути.
Boxing is the saddest thing I ever took part in, all a pile of shit, I’m the greatest, & I’m also retired, so go suck a dick, happy days.
— TYSONMONTANA (@Tyson_Fury) October 3, 2016