Светскиот шампион во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури, проговори за својот сонародник, поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни. Вејн неодамна изјави дека Тајсон треба да биде прогласен за витез.
Руни сака Фјури да биде прогласен за витез за неговиот придонес во спортот. Тајсон е очигледно импресиониран од Руни и го опсипал со суперлативи. „Ромскиот крал“ е подготвен дури и да спарира со легендарниот фудбалер.
„Вејн Руни е вистинска легенда. Пораснав гледајќи го како игра за Англија и Манчестер Јунајтед. Беше одлично да се слушнат такви зборови од него. Тој е голем фан на боксот, исто така од боксерско семејство.
Така да се надеваме дека некогаш во иднина ќе имаме малку спаринг. Ми треба некој помал за да се подготвам за Усик“, изјави Фјури за Токспорт.
Во својата последна борба, Фјури ја одбрани третата титула против неговиот 38-годишен сонародник Дерек Чисора. Тепачката заврши во 10-тата рунда откако судијата ја прекина борбата, доделувајќи му ја победата на Фјури со ТКО.