Борбата меѓу шампионот на ВБЦ Тајсон Фјури и предизвикувачот Дилиен Вајт допрва треба да биде официјално потврдена, но Џипси кинг продолжува да се задева.
Во неодамнешната објава на социјалните мрежи објави видео во кое вели дека Вајт барал да добие плата за учество на прес-конференции пред борбата, која е закажана за 23 април на стадионот Вембли во Лондон.
„Само што го слушнав малиот колбас Дилиен Вајт, сака да му платиме да се појави на прес-конференцијата. Ти мало, глупаво, дебело колбасче. Ќе го добиеш“, рече Фјури, кревајќи ја стегната тупаница, додавајќи:
„Кукавицо“!
COWARD @DillianWhyte pic.twitter.com/pEBv5pPnZn
— TYSON FURY (@Tyson_Fury) February 19, 2022
ВБЦ ја прифати понудата на промоторот на Фјури, Френк Ворен од 41 милион долари, што е најголема сума во историјата на боксот.
Така Ворен ја надмина понудата на Херн и Мечрум бокс, кој понуди нешто повеќе од 32 милиони долари.
Другиот промотор на Фјури, Боб Арум, верува дека тимот на Вајт наскоро ќе потпише договор.
Предизвикувачот Дилиен Вајт не е задоволен од одлуката на ВБЦ да го подели хонорарот 80-20 во корист на шампионот.