Тајсон Фјури повторно го одложува реваншот со Владимир Кличко

Klicko-Fjuri udari

Љубителите на боксот ќе почекаат повеќе од планираното за најавениот реванш меѓу Тајсон Фјури и Владимир Кличко за светската титула во тешка категорија.

Првио термин на 9 јули беше променет поради повредата на актуелниот шампион Фјури, истото ќе се случи и со овој на 29 октомври откако Фјури повторно заработил повреда за време на своите тренинзи.

Поради одолговлекувањето на реваншот, на Фјури му се заканува одземање на ВБО и ВБА појасот, откако веќе го загуби тој од ИБФ верзијата затоа што одби да му се спротивстави на нивниот предизвикувач, а во меѓувреме треба да се појави на сослушување и кај Британската анти-допинг комисија поради сомневање дека користел забранети супстанци.

Нивната прва борба се одржа минатиот ноември, а според англиските медиуми, тимот на Фјури денеска го информирале противничкиот табор за повредата која ќе донесе ново одложување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON