Светскиот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, нема да биде санкциониран за коментарите на тема хомосексуалност и абортуси, соопштија претставници на Британската боксерска федерација. Сепак, тој доби предупредување дека неговиот статус во општеството не му дозволува да прави контроверзни коментари на теми надвор од професионалниот бокс.
„Тој има голема одговорност и треба да се воздржи од слични работи. Сепак, тој е добитник на најпрестижната титула во својот спорт. Тајсон не увери дека го разбира ова и додаде дека не само што жали за неговите зборови, но и со нив не смее никого да навреди“, соопштија од Боксерската федерација.
Фјури беше подложен на жестоки јавни критики откако упати остри зборови кон нетрадиционалните сексуални ориентации, исто така искажа негативно мислење за абортусот. Од Федерацијата прецизираат дека тоа сепак не го нарушува неговото демократско право за слободно искажување на мислите.