Тајсон Фјури: Никогаш нема да се уморам да го тепам Вајлдер

Светскиот шампион во тешка категорија на ВБЦ, Тајсон Фјури јасно стави до знаење дека никогаш нема да се умори од тепање на Дионтеј Вајлдер.

Британецот во првата борба во декември 2018 година имаше контроверзен нерешен резултат со „Бронзениот бомбардер“, а во реваншот минатиот месец го нокаутира Вајлдер и ја освои титулата на ВБЦ.

Се очекува да се сретнат по трет пат во октомври, откако првично мечот требаше да се одржи на 18 јули, но беше откажан поради глобалното ширење на Ковид-19. Фјури е нестрплив да го обнови ривалството откако Вајлдер ја активира клаузулата за реванш.

Во овој момент не е јасно кога ќе се борат тие.

„Морам повторно да го тепам! Никогаш нема да се уморам да го тепам Дионтеј Вајлдер, тоа е една од оние работи со кои можам да бидам горд“, рече Фјури.

„Навистина го направив она што реков дека ќе го напрвам, а не се многу луѓето, особено во боксот, кои кажуваат нешто и потоа го прават тоа.

Така што, бев многу горд на мојот настап. Навистина со нетрпение очекувам да исчезне целиот тој коронавирус и светот да се врати во нормала, а јас да зафатам за работата “, рече Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON