Актуелниот светски шампион во тешка категорија на ВБЦ, Британецот Тајсон Фјури, зборуваше за камерунскиот борец Френсис Нгану, кого го победи со поделена одлука во октомври 2023 година. Фјури му даде шанса на Нгану, кој беше дебитант во боксот. Френсис се раздели со УФЦ и успеа да ги изненади сите во борбата со Британецот.
На моменти Нгану дури доминираше на натпреварот и го собори Фјури. Оваа борба го направи боксерска ѕвезда и го стави во топ 10 на ВБЦ. Токму поради оваа борба Френсис заработи борба со Ентони Џошуа, која ќе се одржи оваа недела во Саудиска Арабија. Френсис верува дека може да се справи со Џошуа, а потоа го сака Дионтеј Вајлдер.
Фјури се присети дека од Нгану направил ѕвезда и „Предаторот“ треба да му ги бакнува нозете во знак на благодарност.
„Не сум сигурен што очекуваа луѓето од овој човек пред нашата борба. Знам дека му дадоа коефициент 1000 спрема 1. Мислеа дека е безвреден, не може да се бори и се тоа, но на сите им докажа дека грешат. Ова е фантастично за него.
Го направив познат, го направив мултимилионер, а сега заработувам уште повеќе. Затоа треба да ми се заблагодари. Треба да клекне на колена и да ми ги бакне нозете поради тоа што го направив за него“, рече Фјури, цитиран од ММА фајтинг.
Факт е дека Фјури е причината поради која Нгану ја стекна оваа почит во боксот. Ако Тајсон не се бореше со Нгану, Френсис ќе се бореше со аутсајдерите и ќе му требаше години за да дојде до големите борби.