Тајсон Фјури нема да го брка татко му од аголот за реваншот со Александар Усик

Тајсон Фјури (34-1-1) се чини дека нема намера да ги послуша советите на оние надвор од неговите кругови, бидејќи менаџерот Спенсер Браун му стави до знаење дека корнер тимот на поранешниот светски шампион ќе остане ист за реваншот со Александар Усик ( 22-0), како што беше случај на првата средба пролетва.

Браун изјави за Скај Спорт дека Шугар Хил Стјуарт, Енди Ли и Џон Фјури ќе продолжат да му даваат совети на „Ромскиот крал“, и покрај општата перцепција дека тие се мешаат за време на паузите меѓу рундите.

„Големиот Џон“ стана предмет на најсериозни напади по поразот од Украинецот, бидејќи видно го доведе Тајсон во заблуда за развојот на средбата. Го убеди дека води во картичките на судиите без да има вистинска претстава дали е или не.

На крајот, меѓу судиите, само Крег Меткалф додели 114-113 за Фјури, додека Мајк Фицџералд даде 113-114, а Мануел Оливер Паломо со 112-115 за Усик.

Меѓу другото, Џон Фјури стана најскандалозната личност за време на јавните настапи на неговиот син. Често предизвикува мешаница и дели пцовки на секој што ќе му се најде на патот. Изгледа дека ќе имаме повеќе од истото во декември кога е време за реваншот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON