Мајк Тајсон во неколку пати повтори рече дека е почестен што Тајсон Фјури е именуван по него.
„Кралот на Ромите“ успешно се врати во рингот, откако по победата над Владимир Кличко во ноември 2015 година кога за прв пат стана светски шампион, направи пауза повеќе од две и пол години поради проблеми со депресија, кокаин и некои изјави кои го донесоа во неволја.
Во февруари оваа година, со прекин во седмата рунда во реваншот го победи Дионтеј Вајлдер и го освои појасот на ВБЦ.
Најмладиот светски шампион во историјата на тешка категорија смета дека Фјури токму со тоа што е нестабилен може да благодари на неговата врвна кариера.
Вели дека не би бил таму каде што е ако не беше „болен“.
„Ментални проблеми? Затоа тој е најголем, затоа што е болен, а тоа го прави вистински човек “, рече Железниот Мајк во интервју за магазинот Ринг.
„Луѓето сакаат да биде нормален. Да, бидете нормални и да завршете на социјална помош. Тајсон не знае што е нормално. Кажетему да се држи подалеку од нормалното, нему не му е судено да биде нормален“.
Мајк Тајсон (53) планира да се врати во рингот на егзебициски мечеви . Таткото на Фјури веќе се понуди како противник, а промоторот на „Кралот на Циганите“, Боб Арум, не би имал ништо против Мајк Тајсон и Тајсон Фјури да се најдат во рингот.
Според таа идеја, би носеле шлемови и раквици за спаринг, а приходот од мечот би одел во добротворни цели.