Нгану е опасен и ме прави малку нервозен. Ако Тајсон налета на неговиот аперкат, ќе мораме да му ја зашиеме главата назад на рамениците – изјави пред неколку дена Џон Фјури, татко на шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури.
Останува уште месец и половина до настанот во Саудиска Арабија каде Кралот на Ромите ќе го тестира боксерското знаење на поранешниот шампион на УФЦ Френсис Нгану. Натпреварот ќе се одржи во Ријад на 28 октомври.
Неодамна на прашањето што би се случило доколку го погоди Фјури со чист удар, Камерунецот одговори:
„Добра ноќ. Светлата ќе се изгаснат“.
Се разбира, Кралот на Ромите не остана должен и веднаш возврати.
„Тој е силен удирач, голем е и добро е граден. Но, претходно се борев со силни удирачи како Дионтеј Вајлдер или стариот Владимир Кличко. Тие се силни, но никој од нив не можеше да погоди со таков удар“, – изјави Тајсон Фјури и продолжи:
„Голем си и силен, а погодуваш цел што не се движи. Но, со таков удар е многу тешко да се погоди цел во движење. Не можете да погодите што не можете да видите. И не сум одличен во тоа што го работам затоа што сум лесна мета, но затоа сум најдобар затоа што тешко се погодувам за што сведочат натпреварите против светските шампиони. Нгану тренира добро, но мислам дека не може да ме удри. Во суштина, никој не може чисто да ме удри. Па, ако некој ме удри, ќе станам. Веќе бев соборен, но секогаш се враќав на нозе. Никогаш нема да ме видиш како лежам. Едвај го чекам мечот“.