Тајсон Фјури (35) се бореше со врвни борци за време на неговата голема боксерска кариера, но откри дека никогаш нема да влезе во ринг со Џозеф Паркер (32), близок пријател и долгогодишен тренинг партнер.
„Дефинитивно не би, повеќе би сакал да му го предадам појасот отколку да се борам со него. Премногу сме блиску да се бориме, има многу други тешкаши“, изјави Фјури за Токспорт.
Фјури има 34 победи и еден пораз, кој го доживеа во средината на мај, кога Украинецот Александар Усик (37) го победи со поделена одлука и ги обедини сите титули во тешка категорија. Тоа беше, како што многумина го нарекоа меч на векот, а реванш е договорен за 21 декември.
Ако Фјури потоа го победи Усик, би можел да се бори со Паркер во следниот меч. Имено, новозеландскиот борец е сопственик на привремениот ВБО појас кој го доби совладувајќи го Жилеј Жанг и сега има 35-3. Паркер затоа е првиот во низата боксери кои би можеле да му се спротивстават на Фјури.