Тајсон Фјури најави дека реваншот против Усик ќе го заврши на посебен начин

Првите тешкаши Александар Усик и Тајсон Фјури се подготвуваат за реванш, кој е закажан за 21 декември во Саудиска Арабија.

Тоа ќе биде нивни втор судир откако Украинецот го победи Кинг Џипси со поделена одлука во средината на мај и стана апсолутен шампион во кралската дивизија.

Тоа беше прв пораз во кариерата на Фјури, а веднаш по борбата побара реванш против Усик. Но, поранешниот шампион не беше обесхрабрен од поразот.

Британецот ја нарече борбата во мај „фер победа на Усик“, а тој вети дека за возврат ќе биде „малку повеќе фокусиран“ на противникот.

„На сите им е јасно дека секој мој реванш завршува на ист начин – го нокаутирам противникот“, изјави Тајсон Фјури и додаде:

„Против кого се борев повеќе пати, тој беше нокаутиран во реваншот. Предвидувам дека нешто слично ќе се случи и во втората борба против Усик“.

Кралот на Ромите верува дека борбата ќе се одвива како што сака, а на кампот добро ќе се подготви за реваншот. Нагласува дека нема премногу да ги отежнува подготовките.

„Имам добар план за подготовка и сега ми останува само да тренирам напорно, да јадам правилно, рано да легнам и рано да се разбудам, да ги правам вистинските работи, да ги слушам луѓето околу мене, а остатокот е во Божји раце“, нагласи Тајсон Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО