Поранешниот шампион на ВБЦ Тајсон Фјури го предупреди Ентони Џошуа дека не би било паметно повторно да се бори со Даниел Дубоа.
Имено, во септември минатата година на преполниот Вембли, Дубоа со нокаут во петтата рунда го победи Џошуа, а пред тоа уште неколку пати го собори.
На тој меч Даниел го одбрани појасот на шампионот на ИБФ во тешка категорија, а потоа му договори меч против Џозеф Паркер.
Пресметката меѓу Дубоа и Паркер требаше да се случи минатиот месец, но шампионот го откажа мечот само два дена пред настанот.
Наместо тоа, се вклучи Мартин Баколе. Паркер со нокаут во втората рунда го совлада неподготвениот Конгоанец.
А Џошуа паузираше неколку месеци по тешкиот пораз. Промоторот Еди Херн најави дека Еј Џеј треба да се врати во рингот во текот на летото.
Тој ги откри и потенцијалните противници, со Џозеф Паркер, Дионтеј Вајлдер и Агит Кабајел меѓу претендентите.
Се уште не се откажува од мечот против Тајсон Фјури кој во јануари најави дека оди на пауза, но и реваншот против Даниел Дубоа.
Иако Џошуа и Херн не ја кријат желбата за реванш против Дубоа, Џипси Кинг истакнува дека резултатот од борбата би бил ист како и во првата борба.
„Мислам дека Џошуа не може да го победи Дубоа. Едноставно не може“, изјави Тајсон Фјури, а верува дека Еј Џеј ќе продолжи понатаму:
„Се сомневам дека на крајот Џошуа ќе побара реванш против Даниел“.
Џошуа беше успешен на еден реванш (2019 година), кога му возврати на Енди Руиз и ги врати шампионските појаси.
Но, неколку години подоцна не успеа да го стори тоа против Александар Усик, Еј Џеј загуби во 2021 година, а потоа 11 месеци подоцна и во реваншот.