Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Британецот Тајсон Фјури (25 – 0, 18 КО), кој ги загуби титулите поради здравствени проблеми и употреба на кокаин, изјави дека очекува да се сретне во рингот со актуелниот шампион на ВБА, ИБФ и ИБО Ентони Џошуа (19 – 0, 19 КО), и призна дека не е импресиониран од неговата активност на последниот меч против Владимир Кличко (64 – 5, 53 КО).
Како што истакна Фјури, има намера да си ги врати загубените титули.
„Кога ќе се вратам ќе бидам задолжителен предизвикувач за сите титули, со исклучок на појасот на ИБФ. Нема да боксирам за оваа верзија. Патем, оваа организација уште ми е должна’, изјави Фјури во интервју за британските медиуми.
Според Фјури, и покрај фактот дека не се стапнал во рингот речиси две години, тој ќе се врати на претходното ниво и ќе добие шампионски дуел.
„Јас сум само 28 години, а не на 38. Да, не сум боксирал две години, но ако вредам нешто треба да ги надминам сите овие проблеми. Јас сум воин од крв и месо!“
Фјури повторно изрази желба да се бори со светскиот шампион на ВБА, ВБО и ИБО, Ентони Џошуа, истакнувајќи дека ниту еден од сегашните лидери во тешка категорија нема да биде во можност да го конкурира него.
„Никој од нив нема да може да ме надвладее. Мојот најпосакуван дуел е со Џошуа на стадионот Вембли. Ова може да биде најголемиот дуел во историјата на боксот, и, се разбира, во историјата на Велика Британија. Кога последен пат видовте дуел меѓу двајца непоразени боксери во тешка категорија? Поранешниот неприкосновен и актуелен светски шампион? “, праша реторички Тајсон Фјури.