Тајсон Фјури продолжува со заканите пред средбата за светските титули во супертешка категорија против Владимир Кличко. Судирот меѓу Британецот и Украинецот е на 28 ноември во Дизелдорф.
„Ова ќе биде битка меѓу доброто и злото. Јас сум доброто, а Кличко – злото. Бог ќе ми помогне, бидејќи доброто конечно секогаш победува“, рече Фјури.
Британецот направи и спортско-техничка анализа на претстојниот меч.
„Ако се одлучи со мене на директна размена на удари, се ќе заврши катастрофално за него. Подготвив песна која ќе ја исполнам по победата. Ќе се обидам да направам дует со Род Стјуарт. За време на мечот постојано ќе ја менамувам тактиката. Така ќе го победам. Ќе биде брз, насилен и обичен нокаут. Толку сум убеден во победата, како што сум сигурен дека секое утро станувам од кревето и си ги облекувам чевлите“, истакна зајадливо Фјури.
Пред неколку недели Кличко изјави ќе продолжи со јавниот и болен третман на скршената личност на Фјури.