Тајсон Фјури кој го симна Владимир Кличко од тронот во 2015 година, раскажува како да му се случило нешто и неговата кариера отишла во надолна линија.
Фјури за овие проблеми отворено проговори во емисијата на популарниот Џо Роган, каде кажа за сите пороци што ги правел и како паднал во депресија.
„За мене тој период беше забава. Само одење по журки, пиење до бескрај и само дрогирање. Си викав, ако умрам, барем на забавен начин да отидам од овој свет. Но, се будите следниот ден и сфаќате што сте направиле претходниот ден и паѓате во депресија. Ајде реков ќе пробам со други спортови, пробав голф, но во мене празнината беше се поголема. Продолжив со пороците. Пиев, се дрогирав. Еднаш во 2016 година си реков ајде да пробам брзо да возам и да летнам некаде со колата. Купив ферари, отидов на отворен пат и решив да го направам тоа. Но, нешто ме спречи, некој глас во мене“, изјави Фјури во емисијата, кој на 1 декевмри боксира со шампионот на ВБЦ Дионтеј Вајлдер, борба на двајца непоразени боксери.
https://www.youtube.com/watch?v=XrM6WqYEj9Y
.