Тајсон Фјури: Јас сум роден и одгледан за борба (ВИДЕО)

Тајсон Фјури во саботата против Франческо Пијанета ќе направи втората борба по враќањето.

Се очекува поранешниот светски шампион во тешка категорија да победи и во Белфаст веднаш да го предизвика ВБЦ шампионот Дионтеј Вајлдер кој ќе бидат во публиката.

Објавена е видео најава за борбата меѓу Фјури и Пијанета. Борбата се одржува во воведниот дел од настанот на кој за титулата на привремен шампион на ВБО перолесно категоријата ќе се борат Карл Фремптон и Лук Џексон.

„По Пијанета следи Вајлдер. Ќе отидам во Америка и ќе го испратам на спиење“, вели Фјури во видео најавата.

„Само еден е вистински човек на овие брегови и гледате во него -. Кралот на Циганите. Џошуа е, морам да се извинам во негово име, без јајца Јас сум тој“.

„Оној надуван, мускулест клошар би требало да ме победи, а јас стојам овде како шампион непоразен 10 години. Роден сум и одгледан за борба. Ако не можам да ги победам со леснотија – дигачот на тегови и играчот на американски фудбал – тогаш никогаш и не сум бил добар“.

„Јас сум како камелеон. Стави ме во којабило ситуација и јас ќе се прилагодам. Стави ме во џунгла и ќе станам крал на џунглата, испратете ме во вселената и ќе станам господар на универзумот“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON