Светскиот шампион во супертешка категорија на ВБА, ВБО и ИБО, Тајсон Фјури, во интервју за ХБО изјави дека ја смета за големо достигнување победата над Владимир Кличко.
„Го спасив светот од здодевната ера на Кличко. Веднаш по финалниот удар на гонгот на мечот со Кличко, си помислив: „Јас ја освоив светската титула. Крени ги рацете“, изјави Фјури за ХБО и додаде: „Го гледав Владимир и видов дека поразот е напишан на неговото лице. Тоа ја раскажуваше историјата на нашата борбаа. Целиот беше со повреди и испрскан со крв. А на моето лице немаше ништо“.
Потсетуваме дека кон крајот на ноември минатата година Тајсон Фјури ја прекина речиси 10-годишната доминација во супертешка категорија на Украинецот Владимир Кличко, победувајќи го со едногласна одлука на судиите.