Тајсон Фјури го советува Томи: Мора сериозно да го сфати мечот со Џејк, а не да оди на сладолед

Боксерскиот меч меѓу Џејк Пол и Томи Фјури е закажан за 26 февруари во Саудиска Арабија. Нивната борба веќе беше договорена двапати претходно и двата пати беше откажана.

Томи го откажа мечот во декември 2021 година поради здравствени проблеми, а минатата година му беше забранет влез во САД поради наводното поврзување со ирски криминалец кој се бараше во Америка.

Сега сите се согласни дека не треба да има пречки нивниот дуел конечно да се случи.

Пред неколку дена Тајсон Фјури изјави дека неговиот брат Томи не мора да се враќа дома доколку загуби од Џејк.

Но, Џипси Кинг му кажува на Томи дека мора многу сериозно да го сфати противникот и добро да се подготви.

„Џејк Пол е солиден боксер. Многумина мислат дека тој е само некој јутјубер кој се занимава со бокс. Но, ги гледав неговите тренинзи и борби, мислам дека е солиден борец“, изјави Тајсон Фјури и додаде:

„Тој е професионалец на почетокот на кариерата. Досега има само шест борби и баш е добар, како што треба, не е олимпиец, но ниту јас. Томи треба да го сфати сериозно и да тренира, а не да излегува на сладолед. И двајцата ќе бидат под голем притисок“…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON