Иако не е официјално објавено, Тајсон Фјури (25-0, 18 КО) пронајде противник за повратничкиот меч на 9 јуни во Манчестер.
29-годишниот Британец во приот меч по повеќе од две и пол години пауза ќе се бори со Сефер Сефери (23-1, 21 КО).
Веста за Косово бокс е потврдена од застапникот на браќата на Сефери Егзон Азизи.
Сефери е 39-годишен Албанец роден во Македонија, а живее во Швајцарија.
Од 23 победи 21 се со прекин, а единствениот пораз го доживеа од актуелниот регуларен ВБА шампион Мануел Чар во тешка категорија со едногласна одлука на судиите во септември 2016 година.