Тајсон Фјури (25-0, 18 КО) на прес-конференција го објави датумот на неговото враќање во рингот и потпис на договор со нов промотор.
Поранешниот светски шампион во тешка категорија во рингот ќе се врати на 9 јуни во родниот Манчестер. Името на противникот ќе биде објавено наскоро.
29-годишниот Британец потпиша договор со промоторот Френк Ворен.
Фјури последен пат се бореше во ноември 2015 година, кога го победи Владимир Кличко и ги освои титулите на ВБА, ВБО, ИБФ и ИБО.
„Има многу луѓе кои тврдат дека да се најдобри во светот, а знам дека не се. Тие нема да ми бидат достојни противници. Тие се ударачи и аутсајдери и се радувам што ќе имам прилика да и покажам“, рече Фјури.
„Да речеме дека сум многу, многу, многу полесен отколку што бев порано. Ако Френк побараше од мене да се борам овој викенд би бил подготвен. Подобар сум отколку што некогаш сум бил“.
„Се вратив за да го вратам она што ми припаѓа на мене, а тоа е светот. Го држам во својата шака. Ќе биде тоа интересно патување. Има многу предизвикувачи и се радувам на она што следи“.