Новиот шампион во ВБЦ во тешка категорија Тајсон Фјури е разочаран од тоа што го покажа Дионтеј Вајлдер во својата втора борба. Тие се сретнаа во рингот по втор пат кон крајот на февруари годинава. Облогот беше титулата, како и нивниот скор на непоразени боксери. Фјури покажа одлична борба и целосно доминираше над својот противник, испраќајќи го на подот неколку пати. Тајсон го нокаутира во 7-та рунда, а Вајлдер не личеше на себе и никогаш не изгледаше толку беспомошно. Во интервју за „Ток спорт“ шампионот изјави дека е разочаран.
„За битката со Вајлдер, напорно тренирав за 12-рундна борба со силно темпо. Поминав низ пекол за време на овој камп, кој траеше цели 10 недели. Се подготвував за борба со најдобриот борец на планетата. Очекував да се борам со најголемиот удирач во историјата. Бев прилично разочаран, бидејќи не беше предизвикот што го очекував.
Иако за мене беше фантастична победа и голема борба, изгледаше дека Вајлдер можеби не е тој самиот. Можеби сите оправдувања, некои и беа вистинити. Можеби имал болка во нозете поради маската, можеби имал грип, можеби имал скршена рака или коска. Не сум сигурен, затоа што тоа не беше Вајлдер за кој се подготвував. Тоа не беше животното за кое тренирав сите тие часови.
Верувам дека тоа беше еден од моите најлесни дуели покрај раните нокаути што ги имав. На тоа ниво обично не добивате толку лесна победа против светските шампиони. Човекот беше шампион во тешка категорија и направи десет одбрани на титулата, нокаутирајќи го секој човек. Не се занимвам со бокс, за да бидам шампион во тешка категорија или да освојувам појаси или штобило. Тука сум да им го дадам на моите обожаватели тоа што го сакаат и најдобрите борби што можат да бидат направени“, изјави Фјури.
https://www.instagram.com/p/B-g62JSJZGb/?utm_source=ig_embed