Ексцентричниот Тајсон Фјури продолжи да се зајадува со светскиот шампион Ентони Џошуа. Двајцата непоразени Британци, најверојатно, ќе се сретнат во рингот до крајот на 2019 година, но уште сега почнаа да се напаѓаат.
Tyson Fury reacts to the Anthony Joshua and Joseph Parker fight…😳🔥 pic.twitter.com/tlyieLuoWW
— SPORTbible (@sportbible) March 31, 2018
„Џошуа е глупак. Тој и Еди Херн немаат мадиња. Јас сум маж и ќе се борам со Дионтеј Вајлдер во САД. Тоа не е проблем за мене. Повторно ќе победам од позиција на аутсајдер, а потоа ќе видиме што ќе кажат. Ќе го нокаутирам Вајлдер. Прво ќе се справам со Франческо Пијанета, а потоа доаѓа на ред Вајлдер“, рече Фјури.
Следниот меч на Тајсон Фјури е 19 август со Франческо Пијанета.
.