Тајсон Фјури: Ако Хеј го нанишани Џошуа, се ќе се заврши

Hej i Fjuri

Светскиот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури (Англија), даде интересна изјава за потенцијалниот судир меѓу неговите сонародници Дејвид Хеј и Ентони Џошуа. Слична средба најверојатно ќе се одржи кон крајот на летото, откако и двете страни изразија желба таа да се одржи.

„За мене овој меч е 50-50. Средбата ќе се одржи ако промотор Еди Хорн одлучи да ја направи. Секој може да победи. Сето тоа зависи кој прв ќе зададе тежок удар. Џошуа се уште е новајлија и се измачуваше против Дилин Вајт. Ако Хеј го погоди во почетокот на натпреварот, се ќе се заврши. Но зошто Џошуа да му даде шанса на Хеј, кој има само еден меч во последните три години“, анализира Фјури.

https://youtu.be/NZ8ihA1phTY

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON