Тајсон: Боксот е во пад,бидејќи повеќето денешни борци се обични, пристојни и добри момци!

Мајк Тајсон смета дека недостатокот посебност во боксот е една од причините што придонесоа за падот на популарноста на овој спорт.

Иако во последниве години боксот почна да се враќа во мејнстримот, особено со новите имиња во тешка категорија, последната деценија беше соочи со големата конкуренција на растечката ММА, односно најголемата промоција УФЦ.

Се чини дека ситуацијата повторно се менува.

За време на престојот во Мумбаи, каде што ја промовираше ММА настанот Кумит 1 лига, Железниот Мајк изјави дека уживал во борбата на Флојд Мејведер и Конор Мек Грегор минатата година.

„Секогаш одам на УФЦ. Тоа беше добра борба. Се забавував“.

„Различно е, бидејќи денес во боксот немате големи карактери“, одговори тој на прашањето зошто падна популарноста на боксот по 1980-тите.

„Повеќето денешни борци се обични, пристојни и навистина добри момци. Јас секогаш бев во неволја. Бев насекаде и затоа секогаш бев во весниците, па затоа беше поинаку. Овие момци се навистина џентлмени. И јас навистина бев диво момче кое постојано зпаѓа во неволји“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON