Поранешниот шампион во бокс и кик бокс, Тајрон Спонг, беше една од најжешките ѕвезди во борбечките спортови во 2010-тите. Додека тренираше со елитата на УФЦ во кампот на Блекзиланс, сериозно размислуваше да се пресели во MMA и да се приклучи на најголемата организација во спортот. Освои две титули од Светската серија на борби, но наместо да потпише со УФЦ, тој одлучи да се фокусира на кик бокс и бокс.
Сега, додека се подготвува за нов предизвик – борба за титулата во карате против Сем Алви на 2 мај во Дубаи – Спонг се осврнува на минатото и размислува за пропуштената можност.
„Имав добри разговори со УФЦ, со Дана Вајт. Ми се допаѓа она што го прави – тој е дефинитивно најдобриот промотор во боречките спортови. Но, во тоа време, јас бев човекот во градот – имав толку многу опции. Тоа е и благослов и проклетство затоа што ве прави неодлучни“, изјави Спонг за ММА фајтинг.
Во рок од три години, тој победи во 12 од 13 натпревари во кик бокс (единствениот пораз беше поради повреда), а откако стана професионалец во 2015 година, забележа 14 последователни победи, од кои 13 беа со нокаут. По кратка пауза меѓу 2019 и 2022 година, се врати за ММА натпревар против Сергеј Харитонов, кој го загуби.
„Можев да се борам насекаде – во ММА, бокс, кикбокс. Но, за УФЦ мора да дадеш сè од себе. А во тоа време, не го сакав тоа. Парите и долгорочниот договор тогаш не вредеа. Но, ако предизвикот и цената се токму сега – зошто да не“?, додава Спонг.
Иако не ја исклучува целосно можноста за враќање во ММА, тој е фокусиран на претстојната карате борба. „Ја одржав мојата последна ММА борба по долга пауза и кратка подготовка. Ако се појави нешто интересно, ќе го разгледам. Мојот живот е серија надминувања на тешкотии – тоа е мојата приказна и мотивација“.