8 години подоцна Бадр Хари и Хесди Гергес ги разрешија своите проблеми во рингот. Овој пат, Хари ги почитувашел правилата и го порази Гергес со одлука на судиите. Пред неколку години Бадр Хари сподели фотографија на социјалните мрежи со борци на која Хари беше означен со кого сака да се бори. Во целната листа на Бадр беа:
Квартерон, Гита, Лонд, Верховен, Гергес и Спонг. Со тројца од нив Бадр се бореше. Успеа да го победи Лондт во Чеченија пред Рамзан Кадиров. Потоа загуби од Рико Верховен затоа што ја скрши раката. Последен што го победи е Хесди Гергес и така остануваат 3-ца со кои можеби ќе се бори, но прво треба да го направи реваншот со Верховен. Еден од борците кои се на таргет листата – Тајрон Спонг во интервју изјави дека ќе се бори со Хари, но износот треба да биде голем. Еве што уште рече:
„Тоа беше доста интересна битка за навивачите и двајцата излегоа и се бореа. Мислам дека Хесди беше премногу внимателен, што е разбирливо по последната битка. Мислам дека Бадр треба да работи на борбата и на издржливоста. Но, сепак, тоа е Бадр и со него еде удар е одлучувачки. Сметам дека Верховен е во предност и за Хари битката ќе биде тешка. Се што треба да направат од Глори е да ми испратат чек, зашто јас се борам за пари. Потпишете го чекот и да го направиме тоа“.