Бразилската натпреварувачка во УФЦ, Тајла Сантос ќе и биде потребна операција по шампионската борба со Валентина Шевченко.
Тие се бореа изминатиов викенд на турнирот УФЦ 275 во Сингапур. Бразилката не се претстави лошо и зададе доста маки на Шевченко. На крајот Сантос загуби, но со поделена одлука. За време на нивната битка тие се судрија со главите.
Тоа доведе до затворање на окото на Сантос, што покажа дека има проблем. Тајла има скршена орбитална коска од овој директен судир. Сега таа ќе мора да се оперира.
„Имавме две опции. Да се оперира овде, но во овој случај не е јасно колку долго ќе треба да остане и колку брзо ќе биде закрепнувањето.
Друга опција е да почека две недели за да се намали отокот и потоа да оди под ножот. Лекарите веќе рекоа дека летањето дома нема да биде проблем“, изјави менаџерот на Сантос за MMA Fighting.
28-годишната Бразилка загуби по втор пат во кариерата. Таа има скор 19-2 во ММА и се раздели со серија од 4 последователни победи.
View this post on Instagram