Македонската таеквондо репрезентација вечер ќе замине на Светско сениорско првенство во Кореа во градот на таеквондото Мују. Натпреварите се од 23 до 30 јуни.
На ова светско првенство ќе настапат носителката на бронзениот медал од Европското првенство Петра Матијашевиќ (-67 кг) и тројцата актуелни балкански шампиони Дејан Георгиевски кој е носител и на бронзен медал од Европско првенство за малди сениори до 21 година, што е најголем таеквондо успех на домашен претставник на големите натпреварувања, а ќе настапи во апсолутната категорија +87 кг. Марко Стевиќ е актуелен балкански шампион во категорија -87кг и Филип Додевски во категорија -74 кг.
Нашата селекција ќе ја води претседателот на МТФ, Борче Костовски.
„Очекувањата на МТФ, пред се, се борците да покажат храбри борби, односно достоинствено да ги бранат боите на Македонија. Сепак, ова е прв настап на вака највисоко рангиран натпревар, како Светското првенство, и се надеваме дека вистински ќе го претставиме македонското олимписко таеквондо кое во последниот период е во огромен подем. Секако, без разлика на најсилната конкуренција, ние секогаш одиме на медал“, велат од МТФ.
Ipon.mk/В.Д.