Таеквондо репрезентацијата на ЕП за У-21 најавува борба за медали

Македонската таеквондо репрезентација отпатува на Европското првенство за У-21 во Хелсингборг, Шведска, кое се одржува овој викенд.

Селекторот и претседател на МТФ, Борче Костовски, за првенството смета на Филип Додевски -87 кг, Анамарија Георгиевска -62 кг и Марко Аврамовски -58 кг.

На Европско првенство не отпатува нашиот најуспешен таеквондист Дејан Георгиевски заради повреда кој ја доби на подкотовките во Србија. Од МТФ истакнуваат дека истата за брзо време ќе биде санирана и Дејан ќе продолжи со попн залет кон обезбедувањето на олимписката норма.

Инаку, Дејан Георгиевски е носител на два бронзени медали од европски првенства за У-21 во Бугарија 2017 и во Полска 2018 година.

„Секако, очекуваме медали од ова Европско првенство затоа што квалитетот и досега постигнатото ни го дозволуваат тоа. Свеснисме за пеколната конкуренција, сепак ова е силен олимписки спорт во кој поради олимпискиот предзнак големите спортски сили премногу вложуваат“, велта од нашиот табор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON