Македонските таеквондо репрезентација денеска ги почна подготовките во Крушево, а ќе траат 15 дена.
Подготовките ќе ги предводени селекторот Борче Костовски, а ќе му помагаат четворица членови од стручниот штаб.
„Во Крушево ќе заминат 15 репрезентативци, од кои седум се јуниори, а осум сениори. Фокусот ќе биде ставен на базичните подготовки, со главна цел темпирање на формата за квалификацискиот турнир во мај во Софија, за пласман на Летните олимписки игри (ЛОИ). Европското првенство (ЕП) во моментов не ни е приоритет, но евентуален медал, секако, може да помогне во квалификациите за ЛОИ, барем во првото коло да се избегне силен противник, односно патот до финалето барем малку да биде полесен“, изјави Дарко Костовски, кој е дел тренерската екипа на репрезентацијата.
На подготовки се репрезентативците:
Сениори
Дејан Георгиевски (ТК Бутел)
Фикип Додевски (ТК Бутел)
Марко Стевиќ (ТК Бутел)
Костадин Георгиевски (ТК Бутел)
Филип Стаменов (ТК Бутел)
Дамјан Трајковски (ТК Кобра)
Марко Аврамовски (ТК Бутел)
Филип Јосифовски (ТК Хваранг Охрид)
Дарко Тарчуговски (ТК Гоце Делчев)
Анамарија Георгиевска (ТК Бутел)
Милијана Релиќ (ТК Тигри)
Јуниори
Фросина Рајкова (ТК Бутел)
Анастасија Видинска (ТК Бутел)
Сања Поповска (ТК Борец)
Лина Ќуштеровс (ТК Кобра)
Иван Горгиовско (ТК Корио)
По подоготовките во Крушево репрезентацијата во април заминува на Европското првенство во Софија. А по ЕП се најавуваат дванаесетдневни подготовки на тактичко-технички план, при што ќе има помош од двајца мошне квалитетни натпреварувачи, Иван Трајковиќ од Словенија и Иван Шапина од Хрватска, од кои првиот е двократен светски вицепрвак, учесник на минатите ЛОИ и освојувач на бронза од ЕП.
„Трајковиќ е низок натпреварувач и многу побрз од нашиот олимписки кандидат Дејан Георгиевски, кој, пак, е многу повисок, така што добро ќе ни дојде во подготовките против вакви ривали“, објаснува Дарко Костовски.
Георгиевски (+ 87 кг) е носител на бронза од ЕП (У- 21) и на злато од сениорското ЕП во 2017, со само 18 години, потоа бронза од ЕП (У-21) во 2018-та, сребро од ЕП 2020, сребро од Медитеранските игри пред три години… Покрај Георгиевски, како кандидат за ЛОИ сериозно се наметнува и Филип Додевски (- 87 кг), кој на последниот Г-1-турнир во Софија го освои бронзениот медал, а со бронза се закити и на ЕП до 21 година во 2019 година. Во Софија ќе настапи и Анамарија Георгиевска. Сите тројца се членови на ТК Бутел.
Постои реална шанса Додевски да се најде на ЛОИ, а тоа нема да биде изненадување, оти е во голем натпреварувачки подем.
„Иако е далеку од врвот на олимпискиот ранг, од причина што тој собира олимписки бодови само две години, додека преостанатите ривали тоа го прават по 4-5 години, сепак последнава година напредува неверојатно добро, и тоа во услови на карантин, кога и немаше практично турнири. И нему квалификацискиот олимписки турнир во Софија ќе му претставува голема шанса. Хрватот Иван Шапинa, кој е светски првак и е веќе е пласиран на ЛОИ, загуби од Додевски на неодамнешниот Г1-турнир, а другите се многу послаби од Хрватот. На ЛОИ одат шестемина првопласирани на олимписката ранг-листа, а вторите шестмина се од континенталните натпревари, вклучувајќи ги и финалистите од олимписките квалификации во Софија“, појаснува Дарко Костовски.