Најдобрите македонски таеквондисти предводени од капитенот на репрезентацијата Дејан Георгиевски денес во Крушево ги завршија базичните подготовки за претстојната натпреварувачка година.
Подготовките беа под стручно водство на претседателот на Македонската таеквондо федерација (МТФ) и селектор Борче Костовски, човекот кој креираше светла историска олимписка приказна. Помагачи во стручниот дел беа помошниците селектори Стефан Костовски, Викторија Спасовска и Иван Крстевски.
На подготовките беа повикани најдобрите македонски таеквондисти во кадетска, јуниорска и сениорска конкуренција.
Целосните финансиски импликации беа подмирени од страна на МТФ.
Македонските репрезентативци се подготвуваа за претстојните Г турнири, официјални светски и европски првенества во сите старосни категории. Прв тест ќе биде Турција опен – Светски куп Г1 во средината на следниот месец.
„На 30-ти март не очекува Скопје опен Г1, турнир кој веќе е вистинска светска класа на спортски настан. Главни настани за годинава ќе бидат Светското сениорско првенство коа ќе се одржи во октомври во Кина и Европското сениорско првенство во ноември“, истакнуваат од МТФ и нагласуваат:
„Македонската таеквондо федерација беше прогласена за најдобра федерација во 2024 година. МТФ поставува државни стандарди за спорт, така и ќе продолжиме. За Македонија“, велат од Федерацијата.