Таеквондо ИТФ клубот „Чонџи“ од Косел-Охрид ги освои дебитантските медали на Меѓународниот таеквондо ИТФ турнир „Корча Опен 2022“ во Корча, Албанија, и тоа два златни со двајца натпреварувачи.
Освојувачи на медали се:
-Михаил Крстаноски
1 место (злато) борби, 2 место (сребро) форми
-Лука Тодороски 1 место (злато) форми, 3 место (бронза) борби
На турнирот учествуваа над 150 натпреварувачи од 11 клубови од кои 3 клубови од Македонија.
„Ова е прво учество на нашиот клуб, воедно и први медали за клубот. Ветуваме дека нема да бидат и последни. Со ова најавуваме дека нашиот клуб има светла иднина и дека ќе се бориме за поголеми успеси со кои ќе се гордее нашата Општина Охрид и Македонија, ни изјавуваат двајцата надежни натпреварувачи од „Чонџи“.