Македонската таеквондо федерација органзираше обука за судии под инструкатажа на меѓународно познатиот судија Владимир Белокапов од Бугарија.
МТФ доби 10 лиценцирани судии, што ќе придонесе за унапредување на олимпискиот спорт кај нас. Како што објаснуваат од МТФ, со овие лиценци ќе имаат право да судат на меѓународни турнири, но не на повисоко ниво, како Г-1 турнири, а своето деби шестмина го имаат денеска и утре на турнир во Бугарија. Следен чекор е полагање за меѓународна лиценца во септември, за да може да судат на повисоко класирани турнири.
Ipon.mk