Таеквондистите на МТТФ освоија 27 медали и два пехари за најдобри поединци на „Србија опен“

Натпреварувачите на Македонската традиционална таеквондо федерација викендов освоија 27 медали – 9 златни, 4 сребрени и 14 бронзени на Меѓународниот ИТФ турнир од А класа „Србија опен“ во Нови Сад, како и два пехари за најдобри поединци, а во вкупен пласман МТТФ е на 4 место.

Ма еден од најсилните натпревари во југоисточна Европа учествуваа 555 натпреварувчи од 11 земји од регионов.

МТТФ настапи со 22 натпреварувачи од 5 клубови во формии борби.

„Сите натпреварувачи до златото имаа по 3-4 борби. Од почеток почнаа помаладите категории, за на крај на натпреварот завршните борби го водеа повозрасните категории кои направија  одлични борби. Посебно за пофалба се натпреварувачите од клубот Сонкал од Мислешево, Струга, кој осови 3 златни, 1 сребрен и 4 бронзени медали, односко сите натпреварувачи освоија медали. Теодор Ѓорески се закити со златен и сребрен медал и со пехар за најдобар поединец, додека тренерите на овај клуб Давид Крстески со 4 борби и Марио Крстески со 3 борби, беа непобедливи на борилиштата освојувајќи златни медали во спаринг борби. Исто така, Владимир Димитриевиќ од охридскиот клуб Мастер со 3 победи се искачи највисоко на пиедесталот, докажувајќи дека е неприкосновен во неговата категорија. Мораме да истакнеме и дека од Чонџи од Косел-Охрид, Михаил Крстаноски се закити со златен и сребрен медал и со пехар за најдобар поединец. Од клубот Ахилиус од Скопје Теодора Митреска успеа да се искачи до второто место, додека од Хва ранг ИТФ од Лескеоц- Охрид, највисоко на пиедесталот се искачи повторно Миа Танеска во борби, која само пред две седмици во Плевен, Бугарија, беше прва. Покрај неа, со злато се закитија и Теодора Тодороска, Анастасија Трифуноска, Михаил Јоноски“, изјави претседателот Марјанчо Лазаревски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО