Таеквондисти соборуваат светски рекорд во хај кик (ВИДЕО)

taekvondo udar za svetski rekord

Ако допрва влегува во светот на боречките вештини, тогаш еден елементарен хај кик може да ви изгледа како тешка задача. Брет Соули од британскиот таеукондо тим Чи таеквондо и неговите соиграчи, сепак, му дадоа сосема ново значење на терминот хај кик.

Појавувајќи се на сцената на Светските рекорди во 2009 година, носителите на црни појаси во таеквондо Брет Соули, Енди Џејмс и Реј Сојер имаа една цел – да се подобри светскиот рекорд за највисок удар со нога.

Филозофијата беше едноставна – на хоринзонтален лост беше обесена штица, која Брет треба да ја разбие, откако го исфрлија неговите соиграчи. Потоа требаше и успешно да се приземји на две нозе, инаку  бил дисквалификуван.

Првиот обид на триото на висина од 4 метри беше успешен и исполнет без никакви забелешки. Светскиот рекорд беше поставен. Потоа тие се обидоа да го подобрат сопствениот рекорд, ја подигнаа висината до 4,25 метри.

А дали успеаја, можете да видите од следново видео:

https://youtu.be/wIGD659CLYM

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON