Таеквон-до клубот Гебек од Ресен нов член на МТТФ

На 4-ти март 2025 година, во спортската сала „Зоран Стојановски“ во Ресен, започна со работа Таеквон-до клубот Гебек, под водство на Божидар Димитриевиќ, црн појас втори дан.

Божидар е долгодишен натпреварувач во рамките на репрезентацијата на Македонската традиционална таеквон-до федерација и има освоено бројни награди, вклучувајќи сребрен медал во борби на Европскиот куп во Софија 2024, како и статус на четвртфиналист на Светското првенство во Пловдив 2019.

Тренинзите се одржуваат секој вторник и четврток од 16:00 до 18:00 часот во спортската сала „Зоран Стојановски“ на улица Иво Лола Рибар во Ресен.

Одѕивот на нови членови е повеќе од очекуван, со тоа што доминира женската популација, а клубот веќе има доста талентирани спортисти. Според изјавата на Божидар Димитриевиќ, тренерот на клубот, клубот има светла иднина, а за кратко време се очекува да стане познат во спортскиот свет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО