Таеквондистот Дарко Костовски стана џудо првак за помалку од три минути

Darko Kostovski dzudo prvak

Таеквондо мајстоорт и тренер во репрезентацијата на Македонија, Дарко Костовски, и одржа лекција на џудистите на Државното првенство во џудо за сениори во Кавадарци.

Имено, тоја стана првак на Македонија во категоријата до 90 кг, при што сите три борби ги добиваше за помалку од една минута и тоа со ипон.

„Првата борба ја завршив со атрактивна полуга против борец од џудо клубот Миоки“,  истакна Костовски , кој досега има освојувано бронзедн и сребрен медал на джзавните првенства во џудо.

„По пауза од четри години од натпреварувањата, годинава земав учество на Државното првенство и со три победи станав државен првак“, изјави Костовски.

Сепак, неоговиот успех не е случаен, тој покрај таеквондото работи и други боречки спортови, а со џудо се занимава речиси 10 години и член на ЏК Вардар.

Darko Kostovski trener taekvondo

Тој е тренер на Таеквондо клубот Бутел и во репрезентацијата на Македонија и со неговите натпреварувачи има освоено над 300 медали од меѓународните настапи, од кои 20 се од балкански првенства.

И давата спорта се олимписки, но, за жал, засега немаме обезбедно норма за ниту една Олмпијада, иако годинава сите надежи беа свртени кон таекводиската Петра Матијашевиќ, затоа ова е прилика Дарко да одбере каде ќе се бори за учетво на ОИ.

„Ме повика селекторот на сениорската џудо репрезентација и ми кажа дека планира да настапам на Европското и Балканско џудо првенство“, вели Костовски и раскажува како почнал да тренира џудо: „Џудото како спорт ме привлече заради големиот и директен контакт кој се создава во текот на борбата, како и неговата крајна практична примена во реални ситуации“.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON