Петра Матијашевиќ (-74 кг) на 16 јануари на Меѓународниот опен турнир во Истанбул, ќе се бори да се пласира меѓу првите две натпреварувачки , со што ќе ја исполни олимписката норма за Олимпијадата во Рио идната година, соопштија од Таеквандо федерацијата на Македонија, која денеска беше во посета на Агенцијата за млади и спорт.
Матијашевиќ, која зема македонско државјанство, една година настапува како Македонка, при што собира бодови кои ја искачија на ранг-листата на Светската таеквандо федерација, што е критериум за пласман на најголемиот спортски собир в година, во Бразил.
Директорот на АМС, Марјан Спасески, им честиташе на борците кои се закитија со медали на последното Балканско младинско и сениорско првенство – злато освои Ардијан Веселовски кај јуниорите освои златен медал, а среброен сениорот Марко Стевиќ.
Од Федерацијата се пофалија дека годинава нашите таеквандо борачи освоиле стотина медали на само пет меѓународни натпреварувања.
Најмладиот член и добитник на медали од сите бои беше исто така дел од тимот кој ја посети АМС. Десетгодишната Дебора Прњарчевиќ е иднината на женското македонско таеквандо, истакнаа на средбата.
Ipon.mk/В.Д.