Таборот на Ломаченко поразот од Хајни го нарече „грабеж средe бел ден“, Украинецот се расплака (ВИДЕО)

Таборот на украинскиот боксер, поранешниот светски шампион во три категории, Васил Ломаченко, објавија дека имаат намера да го обжалат резултатот од борбата со неприкосновениот светски шампион во лесна категорија Девин Хејни.

Борбата траеше сите 12 рунди и заврши со победа на Американецот со едногласна одлука. Двајца од нив му ја доделија победата на Хејни со резултат 115-113, еден – 116-112. Така, Девин ги одбрани шампионските титули. Сепак, фановите не ја одобрија оваа одлука, исвиркувајќи го Американецот.

Менаџерот на Ломаченко, Егис Климас, коментирајќи го исходот од борбата изјави дека тимот на боксерот ќе поднесе жалба: „Ова е најголемиот грабеж среде бел ден. Секако дека ќе се жалиме“, рече тој.

Самиот Ломаченко не ги задржа емоциите и се расплака откако беше поразен од непоразениот светски првак во лесна категорија. Тоа беше негов трет пораз во професионалната кариера од 17 борби.

И по бројните коментари на социјалните мрежи се добива впечаток дека Ломаченко е ограбен, а така се чувствувал и самиот на прес-конференцијата по мечот.

„Не сакам да зборувам за тоа. Сите видоа што се случи“, рече Васил Ломаченко и додаде:

„Покажав добра форма. Се гледаме следниот пат. Тешко ми е да зборувам за сето тоа сега. Ова не е пријатен момент за мене“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON