Немилосрдна серија удари во главата по бруталниот нокаут на ЦЕС ММА 61 во Род Ајленд (САД) стана хит на социјалните мрежи.
Џамел Џонс се сретна со Тајлер Кинг во тешка категорија и стигна до победата на импресивен начин. Еден од нападите на Џонс заврши на скоро комичен начин, при обид за удар од вртење го пресретна коленото на Кинг. Следниот потег на 32-годишниот Американец беше далеку од комичен – со левата рака директно ја вепри во брадата на Кинг и го директно го спушти на грб на паретрот. Веднаш потоа, Џонс се нафрлл на својот противник и му зададе три последователни, злобни удари во главата, иако Кинг веќе беше во безсознание.
This KO by Jamelle Jones was vicious 😨 (via @CESMMA) pic.twitter.com/VRtKYH8aJb
— ESPN MMA (@espnmma) October 15, 2020
Се појавија многу коментари на социјалните мрежи за случајот и тие главно беа поделени. Некои го поддржуваа Џонс дека треба да ја продолжи борбата се додека судијата не ја прекине, додека други му забележаа за употреба на непотребно насилство.
This angle of Jamelle Jones’ KO 🥶 #CES61 (via @CESMMA) pic.twitter.com/0zlYdpmMrO
— Spinnin Backfist (@SpinninBackfist) October 15, 2020