Во Лутраки, Грција, од 19 до 24 октомври се одржува Светското првенство во борење за ветарни, кое, за жал, е без наши натпреварувачи.
Преходно Трајан Ангелов беше најупорниот промотор на борењтео за ветерани и настапи на четири Светски првенства освојувајќи сребрен медал во Скопје во 2018 година, а една година порано во Бугарија го освои бронзениот.
На СП во Скопје за ветерани Македонија освои пет медали – 3 сребрени и 2 бронзени. Сребрените медали ги освоија Трајан Ангелов, Александар Стојанов и Рамадан Шабани, Игор Мицевски и Иса Фејзула се зкаитија со бронзи.
Штета, а ваквиот однос не води кон популаризација на борењето и анимација на сите за негов развој.